еМагазин
Image default
Балкан

Грчка Влада: Jа поддржуваме ЕУ перспективата на регионот, но никој не може да спречи земја членка да покренува свои прашања

Ќе продолжиме да ја поддржуваме европската перспектива на регионот, но никој не може да спречи земја членка на Унијата да покренува свои прашања во пристапниот процес, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, за тоа каков е ставот на Грција за бугарските позиции во однос на патот на нашата земја кон ЕУ.

Πецас, сепак изрази надеж дека на крајот ќе се отвори вратата за европска перспектива за земјите од регионот.

– Ние традиционално сме за зајакнување на врските на земјите од целиот регион и секако ја имаме поддржано европската перспектива на земјите од Западен Балкан. И ќе продолжиме да го правиме тоа.

Оттука, како што знаете и ние во минатото кажавме дека ќе одиме на отворање и затворање на преговарачките поглавја согласно и со нашите интереси. Ќе гледаме, во интегративниот процес да гарантираме дека се задоволени грчките интереси.

Во овие рамки, никој не може да спречи никоја друга држава членка да покренува свои прашања во процесот. Се надеваме дека на крајот од патот навистина ќе се отвори вратата за европска перспектива и на овие земји, рече Пецас.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија воведе задолжителен карантин од 14 дена при влез на македонски граѓани

Редакција

Најмногу „увезени“ од Македонија: Две третини од повратниците од Западен Балкан во Австрија се заразени со Ковид-19

Редакција

(Видео) Најмалку 28 рудари загинаа, а околу 50 се заробени во рудник за јаглен во Турција по експлозија на трансформатор

Редакција