еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тројца повредени во автобуската несреќа ќе бидат отпуштени попладне од софиската болница

Се очекува денеска попладне од болницата „Пирогов’ во Софија да бидат отпуштени уште тројца пациенти кои беа повредени во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ на 23 ноември.

Се работи за маж и неговата сопруга и за млада девојка, кои ќе бидат префрлени во земјава, јави дописникот на МИА од Софија.

Според официјалното соопштение од болницата, пациентите се во стабилна и добра општа состојба.

Во моментов на Клиниката за изгореници и пластична хирургија има четири пациенти кои ноќта ја поминале според очекувањата на медицинскиот персонал во болницата и без промени од вчера.

Пациентот кој е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија закрепнува и веќе се движи. Тој имаше две успешни операции – на потколеницата и на ’рбетот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Антарктикот измерена температура за 38 степени повисока од вообичаеното

Редакција

Рекордно ниски температури: Во Берово минус 21, во Битола минус 20 степени

Редакција

Убава вест: 268 оздравени од Ковид-19

Редакција