еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Трошоците на животот во јануари се зголемиле за 1.9 отсто

Трошоците на животот во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година се зголемиле за 1.9 %, а цените на мало бележат зголемување од 1.6 %, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

„Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компири и други коренести плодови за 6.5 %, свежото и разладеното овошје за 1.6 %, виното за 0.5 %, месото за 0.4 %, рибата и морските плодови, сирењето и урдата за 0.3 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.2 %, соопшти ДЗС.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај домашните миленици и сродните производи за 2.7 %, течните горива за домаќинствата за 1.9 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1.3 %, информатичката опрема за обработка на податоци за 1.1 %, обувките за 1.0 %, цврстите горива за домаќинствата за 0.9 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.5 %, другата облека и додатоците за облека за 0.4 %, облеката, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.2 %.

„Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.5 %, маслото и маснотиите за 0.4 %, жестоките пијалаци за 0.3 %.

Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај електричните апарати за лична хигиена за 4.0 %, гасот за домаќинствата за 3.6 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2.0 %, мебелот и покуќнината за 1.6 %, велосипедите за 1.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 1.0 %, патниот патнички транспорт за 0.8 %, градините, растенијата и цвеќињата, книгите за 0.6 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.4 %, моторните возила, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0.3 %, фармацевтските производи, другото образование, угостителските услуги за 0.2 %“, соопшти ДЗС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфлацијата во февруари 16,7%

Редакција

ССМ најави „жешка есен“ на протести и штрајкови, бара да се намали разликата во плати меѓу функционерите и вработените во јавниот сектор

Редакција

Нови 128 објекти за субвенционирано снабдување со струја од 1 јануари преку ЕСМ

Редакција