еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Турција официјално си го промени името

Обединетите Нации го усвоија официјалното барање на Анкара, со што за нив, Турција отсега ќе биде Туркије (Türkiye).

Од неколку меѓународни организации ќе се бара да го променат името на земјата, согласно со иницијативата што минатата година ја покрена турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Името Туркије ги претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација на најдобар начин, истакна Ердоган минатата година.

Мнозинството граѓани веќе ја нарекуваат својата земја Туркије. Но, често се користи и англиската верзија на името, Турки (Turkey), вклучително и во самата земја.

Државната телевизија ТРТ во декември ја наведе недобрата конотација на името на англиски јазик, наведувајќи дека се однесува, или на „голема птица што потекнува од Северна Америка“ или на тоа „кога нешто ќе тргне на лошо“. Турки на англиски јазик значи мисирка.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

За општество без корупција и институции со силен интегритет потребна е заедничка акција

Редакција

Со ДУИ, БЕСА и ДПА заедно ќе настапиме на локалните избори, најави Заев

Редакција