еМагазин
Image default
Македонија

Турција за скандалозна ја смета одлуката весникот „Заман Македонија” да добие пари од државата

Весникот „Заман Македонија” кој е поврзан со терористичката организација ФЕТО, во рамки на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година доби материјална поддршка од 903.092 (околу 14.670 евра), објави Anadolu Agency (AA).

Амбасадата на Турција во Скопје, писмено реагирала во врска со овој случај, при што нагласила дека остро го осудува тоа што весникот „Заман Македонија” добил материјална поддршка во рамките на оваа програма, пренесува Агенцијата.

„Одлуката на Владата на Македонија да се додели финансиска поддршка за весник на ФЕТО ја сметаме за скандалозна и неприфатлива. Очекуваме дека Владата на Македонија ќе ја преиспита својата одлука и ќе ги земе в предвид долгогодишните пријателски односи помеѓу двете земји и двата народи“, стои во реакцијата на Амбасадата на Турција во Скопје, пренесува агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои медиуми добија пари од Владата како субвенции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германската министерка за надворешни работи денеска во Скопје за да не убедува за уставните промени

Редакција

Аднан Ќахил исклучен од неговата партијата, од таму бараат Заев да го разреши и од министерската функција

Редакција

Филипче најави можно враќање на рестрикциите за движење како полициски час, затворање на школи и угостителски објекти

Редакција