еМагазин
Image default
Македонија

Четириесет лица кои влегле преку Деве Баир однесени во карантин

На граничниот премин Деве Баир кај Крива Паланка во изминатото деноноќие во државата влегле четириесет лица кои се однесени во државен карантин, информираат од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток.

Сите четириесет лица се транспортирани во државен карантин, а границата е отворена и за излез за оние граѓани кои имаат бугарско државјанство или престој во соседна  Бугарија.

„Од Република Северна Македонија излегуваат и македонски државјани кои патуваат транзит, со резервирани авионски летови или граѓани кои одат на лекување во Бугарија“, посочуваат одговорните од ПС за гранична проверка, РЦ Исток.

Инаку, во Крива Паланка во самоизолација се четириесет лица. Од Отсекот за внатрешни работи информираат дека досега, при редовните полициски контроли не било утврдено прекршување на мерката и сите граѓани биле затекнати во нивните домови, а во општината доследно се почитува и полицискиот час.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Губењето на осет за мирис и вкус „скриени“ симптоми за коронавирусот, кои се другите?

(Видео) Италијански градоначалници „полудеа“ апелирајќи да се остане дома поради корона вирусот

Вкупно 148 заболени од корона вирусот: Регистрирани нови 12 од кои седум во Скопје, пет во Куманово

СЗО: САД би можеле да станат епицентар на пандемијата на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без изразени симптоми 126 лица од заболените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците во кои се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

ЕУ задутре ќе одлучува за датум за преговори: Кои се можните сценарија за нашата земја?

Редакција