еМагазин
Image default
Балкан

Туристите се враќаат во Албанија

Државниот институт за статистика, ИНСТАТ, објави дека месец март се покажал како попозитивен за туризмот во Албанија, бидејќи забележан е зголемен број на странски туристи.

Според ИНСТАТ, над 170.000 странски државјани влегле во земјата минатиот месец или околу 78,6 отсто повеќе од март минатата година, кога пандемијата само што пристигна во земјата, а странските земји издадоа забрана за летови.

-Сепак и покрај позитивните показатели во март, состојбата останува далеку од нормалната, бидејќи во првото тромесечие во земјата влегле 513.700 странски посетители што е за околу 60.000 помалку од истиот период минатата година – потврдуваат статистичките податоци.

Туристите од Косово забележале најголем пораст, за 38,3 отсто или околу 245.300 турсти што е 68.000 повеќе од периодот јануари-март 2020 година.

Од друга страна, блокадата на копнените граници, како и прекинот на летовите со Велика Британија подолг период, поради пандемијата, довело до значително намалување на туристите од Грција и Англија за околу 83,5 односно 70,5 отсто.

Повеќето од посетите биле за лични цели, главно за празници или посети на роднини, а некои од нив за деловни цели.

Во март, бројот на албанските граѓани кои заминале во странство е зголемен, со вкупно 255.700, што е околу 45,6 отсто повеќе отколку во март 2020 година.

Во текот на првото тромесечие во странство патувале 756.400, што е 31,3 отсто помалку споредено со истот период лани кога надвор од земјата патувале 1,1 милион албански граѓани.

МИА/Фото: Photo by Endri Killo on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БНР: Граѓаните на Македонија со постојана адреса во Бугарија повторно се на избирачките списоци, но не гласаат

Редакција

Грција: Весникот „Документо“ објави нова листа со прислушувани со софтверот „Предатор“

Редакција

Границите со Грција остануваат затворени до 30 септември

Редакција