Група пратеници, меѓу кои и дел од Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, бараат пратеничките бенефиции да им важат и по истекот на мандатот. Посакуваат кога ќе престанат да бидат пратеници, да ги чека работно место во државна служба, односно да добијат предност при вработување во јавна админситрација.
Според Работното тело за реформи, законот за пратениците не бил приоритет, но се уште никој официјално не зборува за него.
Како и да е, твитерџиите на шега го дочекаа овој обид на народните избраници да си го загарантираат работното место по истекот на мандатот.
Пратениците подготвуваат закон со кој ќе имаат предност при вработување по истекување на мандатот
— ЦАРЕВИ!
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 21, 2018
забрани работа во државно после истекувањето на мандатот на пратениците и гледај како законските регулативи за значително подобрување на условите во приватниот сектор сами се гласаат
— Хермиона (@kvkriss) December 21, 2018
Те учат да кажеш: се извинувам колку е часот за да те научат на учтивост. Во меѓувреме, во Собрание пратеници предложиле да имаат предност со закон за вработување во иднина. Без срам
— Misha Popovikj (@popmisa) December 21, 2018
сакате да кажете сеа, груевски кога ќе се врати го чека државна работа во комисја за хартии од вредност така нешто, пратеници?
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 21, 2018
На пратениците да им се дозволи после мандатот работа во држ.администрација обавезно со обезбедување,патни трошоци,хранарина,покрај плата и џеперлук, К15, 13та плата…
Дополнете ако заборавив нешто— Beba (@mufljus) December 21, 2018
Политичарите добија секакви бенефиции, а граганите пак може да пушат во кафич. Јеи нова година.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 21, 2018
Шо слушам нова желба до Дедо Мраз имале овие циркузантите шо ги викаат пратеници во Собранието на Република Македонија. После завршување на мандатот и 1 година лапанажа, државата да им нашла вработување ОБВЕЗАТЕЛНО! Некој со закана по живот ги натера да се пријават за пратеници?
— tantela (@starmarsovec) December 21, 2018
Да знаеа нешто асално да работат не ќе одеа во политика.
— Nursе💉 (@SestraTi) December 21, 2018
Македонија има две класи:
1. Функционери/Пратеници
2. Сите останати
Проблемот е што првата класа е обединета, особено во штитењето на сопствениот грб и богатењето, додека втората војува самата против себе.— Dimitar Petrovski (@Dmee82) December 21, 2018
Пратенициве стално пробуваат да протнат понекоја брилијантна идеја. Прво онаа со пензиите за пратеници, сега предност при вработување.
Пола од нив не ни знаат да работат.— Ջուլիանա (@iskulirana) December 21, 2018
како иде овој есап не ми е баш најјасно. баграта од собрание иде у државна администрација, а баграта од државна администрација миоа ќе ја обучува за да работи во приватен сектор? circle of life?
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 21, 2018
Дали пратениците ќе изгласат закон шо ќе им гарантира државна работа после истеко на мандато…?
Ох…не можу… pic.twitter.com/9zGrjCC6hO
— New Age Bogomil… (@prkosot) December 21, 2018
Ваков закон пред пензија. pic.twitter.com/zDEqDNRmEU
— Мијакот 🇲🇰 🇪🇺 (@mijakot_o) December 21, 2018
ова мерката за загарантирано вработување после мандатот за пратениците е максимум СДСМ. исти како до пред 20 години. Лакоми мали корумпирани човечиња.
— mikjo (@capn_mikjo) December 21, 2018
Роди се човек,пратеник стани!Цел мандат дремиси,цел мандат кркај си!Стани си наутро покасно,легни си навечер порано,у собрање нос копај си,разни дневници лапај си!
— Flash Gordon (@GoranPavlovski2) December 22, 2018
Толкава собраниска зграда а без покриен бсзен,велнес центар!па ни се патат пратеницове по цел ден без масажа и релаксацијја!А све за НАШЕ добро!Е не ја бива!
— Flash Gordon (@GoranPavlovski2) December 22, 2018
А пратенициве по завршување на мандат одма во пензија да одат и онака за ниш не ги бива???
— Jas (@BrlaBrla) December 21, 2018