Лавина реакциии на социјалните мрежи предизвика вчершаната изјава на премиерот Зоран Заев дека не пробал марихуана.
„Не сум пробал џоинт, но за да се залагате за некоја кауза не мора да имате личен бенефит од тоа. Јас во исто време сум Македонец, ама се залагам за правата на Албанците. Јас сум стрејт, а се залагам за правата на ЛГБТИ. Не сум сиромашен, ама се залагам за правата на сиромашните“, напиша Заев на Твитер.
Неговиот став беше причина голем број граѓани да си ја „отворат душата“ на социјалните мрежи.
Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:
И ја неам пробано џоинт! pic.twitter.com/FCCrnoWfU6
— Шлапатало (@shlapatalo) December 25, 2020
Не пробал џоинт а сака у ЕУ.
— џамлија (@lifeenjouyer) December 26, 2020
"Не сум сиромашен ама се залагам за правата на сиромашните". 😂😂😂😂
Ќе ме умре човеков, одам по џоинт, бидете така.— СуПеРмЕнКа 😷 (@Supermenkata) December 25, 2020
Ќе дојде време кога за секој посебно ќе има по еден џоинт, доста беше вртење една двојка.
— Acid Burn (@Acid_Burn24) December 26, 2020
Петиција зоки да проба џоинт. #ФилјанПремиер
— Рез (@MontazhaMan) December 25, 2020
Друже види за триповите направи нешто барем да халуцинираме како топ живееме во државичето
— Pindar (@kurka_32) December 25, 2020
Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев: Не сум пробал џоинт, но за да се залагате за некоја кауза не мора да имате личен бенефит