еМагазин
Image default
Бизнис

УЈП: Проверете ги годишните даночни пријави пред да станат конечни

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека во тек е активноста за генерирање и доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година.

Даночните обврзници – физички лица кои се регистрирани на системот „е-Персонален данок“ преку своите кориснички профили може да извршат увид во Годишните даночни пријави за 2018 година.

Граѓаните имаат можност најдоцна до 31.05.2019 година да ја потврдат или коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава.

До истекот на крајниот законски рок, граѓанинот може да го менува статусот на пријавата, односно да ја потврдува или коригира се до истекот на крајниот рок 31.05.2019 година.

По истекот на законскиот рок на 01.06.2019 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.

На 01.06.2019 година, службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави, кои од страна на граѓанинот не се ниту потврдени, ниту коригирани.

Годишната даночна пријава која граѓанинот ја коригигирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.

Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.

“Воедно, апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги во предвид бројните придобивки на користењето на системот е-Персонален данок, како на пример заштеда на време кое досега се губело пред шалтерите и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи“, велат од УЈП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Триглав Осигурување“ ја зголеми добивката

Редакција

Во август намалена просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основa

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Гостивар за набавка на нафта за греење вреден 440.000 евра

Редакција