Управата за јавни приходи (УЈП) денеска соопшти дека рокот за поднесување ДДВ-04 е продолжен за пет дена, односно оти крајниот рок е 30 април.
„Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи во координација со Министерството за финансии подготви и достави до Владата на Република Северна Македонија предлог Уредби со кои се предвидува продолжување на роковите за поднесување обрасци и плаќање даночни обврски.
Согласно ова, крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период 01.01.2020-31.03.2020 и даночниот период 01.03.2020-31.03.2020 од 25.04.2020 се продолжува за 5 дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 30.04.2020 година“, велат од УЈП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Донациите во солидарниот фонд Ковид-19 се ослободуваат од ДДВ