Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19 имаа негативен резултат, информираат од Министерство за здравство.
Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.
Денеска почина и 79-годишен пациент од Дебар, што е седма жртва на коронавирусот во Македонија.
Има регистрирано уште 26 нови случаи, со што вкупната бројка изнесува 285 пациенти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седма жртва од корона вирусот: Почина 79-годишен пациент од Дебар
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.