еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за претседателски избори

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот циклус претседателски избори, изјави претседателот  Христијан Мицкоски за време на денешната посета во Битола.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека доколку парламентарното мнозинство донесе одлука, партијата што ја предводи, е подготвена и за предвремени парламентарни избори.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе ги издржи сите притисоци, ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден е се посилно, ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за следниот претседателски изборен циклус, кој ќе се одржи напролет, а доколку парламентарното мнозинство одлучи, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за предвремени или редовни парламентарни избори – истакна Мицкоски.

Тој претходно учествуваше на француско-германската комеморација, што денеска се одржа во Битола, посветена на 11 Ноември, Ден на примирјето.

Мицкоски посочи дека се надева дека многу скоро Македонија ќе ја добие заслужената шанса да биде дел од европското семејство, затоа што, како што рече, на крајот од денот, интерес на сите граѓани и на сите политичари е Македонија да успее.

– На конгресот во Хелсинки остварив повеќе средби со претставници на сестринските партиии, ги информирав за политичкиот прогон на членови на ВМРО-ДПМНЕ, за предизвиците пред кои е исправена партијата ВМРО-ДПМНЕ во Македонија и други актуелни општествено политички теми. Воедно, ја искористивме можноста да побараме од сестринските партии да лобираат Република Македонија што е можно побрзо да стане дел од европското семејство, бидејќи не се битни нашите лични фрустрации или лични кариери, битно е Македонија да успее – додаде Мицкоски.

МИА/Фото: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Потполковник на АРМ сомнителен на јужноафриканскиот сој на Kовид-19, од мисијата ќе биде префрлен на Инфективна клиника

Редакција

Заев по договорот со Гаши: Меѓународни експерти нема да ги поништуваат пресудите, туку ќе направат свои извештаи

Редакција