Собрани се потребните пари за лекување на младиот Никола Ѓорѓиев во клиника во Турција.
Информацијата е објавена на Фејсбук групата, “Апел за помош на Никола Ѓорѓиев“.
“Хумани луѓе, со задоволство сакаме да објавиме дека потребните финансиски средства за лекување на Никола се собрани.
Од името на Никола, како и од името на Иницијативниот одбор предводен од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски Ви благодариме на сите за хуманоста.
Пред нашиот Никола престои процесот на лекување.
Сите заедно ќе чекаме убави вести!„, стои во информацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фалат уште 21 илјада евра за лекување на младиот Никола
Младиот Никола кој се бори со канцер замина на лекување во Турција
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.