еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Во Дебар 45-ти ден нема новозаразени со корона вирусот

Епидемилошката состојба во Дебар кој беше првото жариште на Ковид-19 во државава е стабилна. Веќе 45-ти ден нема ново заразени, а како што потврдуваат од Општата болница во Дебар, нема ниту пациенти кои се јавуваат со сомнителни симптоми на вирусот.

Бројот на заразени останува 51 од кои две лица се од Центар Жупа. Излекувани се 47, а починати се четворица.

Според полициската статистика, во самоизолација се три лица кои редовно се контролираат од страна на полициските службеници.

-Во текот на изминатото деноќие, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, во Дебар извршиле и 12 контроли врз угостителски и други објекти.

Во исто време издале осум прекршочни налози на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Како што информираат од Општинскиот оперативен штаб, и натаму се распределува хуманитарна помош за семејства кои се во потешка социо-економска состојба. Распределбата се врши врз основа на список подготвен од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, Црвениот крст и хуманитарните здруженија кои делуваат во градот.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет новопочинати од корона вирусот, меѓу нив и десетмесечно бебе

Вработен во градинка во Тетово позитивен на корона вирусот

Петмина од Чаир, двајца од Сарај и Аеродром: Од кои скопските општини се 22 нови случаи на заразени со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 10 лица, дополнително пријавени уште четворица

Редакција

Нови 54 случаи на заразени од корона вирусот, вкупно 908 лица

Редакција

Ислам Абази избран за наследник на Вилма Русковска

Редакција