еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Во Дебар нема новозаразени, на домашно лекување само двајца

Општинскиот Оперативен штаб информираше дека во последното деноноќие во Дебар не се регистрирани новозаразени со Ковид-19, што потврдува дека состојбата се стабилизира.

Ова е единаесетти ден по ред како нема новозаразени, по двата случаи кои беа потврдени на 9 април, откако немаше новозаразени 12 дена.

„Според лабораториските резултати за денес, во Дебар нема нови случаи со Ковид-19, со што бројката на заразени останува 51, од нив две лица од Центар Жупа.

Од вкупната бројка 45 се оздравени, двајца се уште се на домашно лекување, а за жал четворица починаа“, изјави градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, кој раководи и со штабот.

Сепак, тој препорачува и понатаму, како и досега, граѓаните да бидат доследни во почитувањето на мерките и препораките зашто „битката е добиена, но војната со невидливиот непријател продолжува“.

Како што потврди директорот на Општата болница во Дебар, Баки Халили, од двајцата пациенти кои се на домашно лекување еден е здравствен работник. Кај нив утре ќе се направи ретестирање и доколку резултатот биде негативен тие ќе се сметаат за оздравени.

Во исто време во Дебар и Центар Жупа, во тек е скринингот за имунитетот на населението, што го спроведуваат 14 матични лекари, меѓу нив и педијатри и гинеколози, кои треба да направат 2.342 теста.

Дел од матичните лекари тестирањето го почнаа во четвртокот, а по денешниот ден за одмор продолжуваат утре.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец на 73 години и жена од Липково на 49 години починаа од корона вирусот

Убава вест: Оздравени 126 лица кои боледуваа од корона вирусот, најголем број од Куманово

Нови 19 случаи позитивни на корона вирусот, вкупната бројка заразени 1.386 лица

Најчест висока температура: 479 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 356 заразени од Ковид-19, од кои најмногу во Скопје

Редакција

Изречени 915 казни за неносење маски

Редакција

Министерката Петровска ќе го тужи пратеникот Ковачки за навреда и клевета

Редакција