Собранието на акционери на TTK Банката, на седницата одржана на 31.3.2020 година ќе одлучува по предлог одлуката за определување на износот на дивидендата и датумите на исплата на дивиденда за 2019 година (дивиденден календар), соопшти банката преку Македонската берза.
Се предлага да се исплати дивидендата во бруто-износ од 99.867.680 денари. Висината на бруто-дивиденда по акција ќе изнесува 110 денари, односно 11 % од номиналната вредност на акциите којашто изнесува 1.000 денари.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2019 година е 13.4.2020 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2019 година е 14.4.2020 година. Исплатата на дивиденда за 2019 година ќе започне на 29.4.2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТТК Банка на менаџерите лани им исплатила плати и надоместоци од 958.000 евра
ТТК Банка лани со добивка од 1,7 милиони евра
ТТК Банка: Престанокот на производство во „Тетекс“ нема да влијае врз нашата работа