еМагазин
Image default
Бизнис

ТТК Банка: Престанокот на производство во „Тетекс“ нема да влијае врз нашата работа

ТТК Банка денеска преку Македонската берза соопшти дека престанокот на производство на тешка конфекција во „Тетекс“, компанија која е најголем акционер во ТТК Банка нема да има влијание врз работата на банката и нејзините резултати.

„„Тетекс“ АД Тетово важи за компанија која работи со позитивни финансиски резултати години наназад и така и ќе продолжи и во иднина. Престанокот на производство со тешка конфекција е во насока на рационализација и одржување на позитивното работење на компанијата.

Банката претставува посебен самостоен субјект, акционерско друштво, кое во целост ги почитува сите законски и супервизорски стандарди во нејзиното работење и повеќе години наназад во низа остварува успешни позитивни финансиски резултати кои резултираат со поделба на дивидена по акција која е меѓу најприносните на Македонската берза за хартии од вредност“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема зима за акционерите на „Тетекс“

Тито Беличанец продаде 4.000 акции од „Тетекс“ за 146.000 евра

Кои се членовите на Одборот на директори на „Тетекс“?

По 69 години, текстилниот комбинат „Тетекс“ го прекина производството во фабриката „Конфекција“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На менаџментот на Витаминка лани исплатени надоместоци од 15,6 милиони денари

Редакција

РКЕ им ги одзеде лиценците на трговците со нафта „Гуливер инженеринг“, „Пертинакс“ и „Башино гас“

Редакција

Макстил лани со зголемена добивка и приходи

Редакција