еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

По 69 години, текстилниот комбинат „Тетекс“ го прекина производството во фабриката „Конфекција“

Од денеска нема производство во најпознатиот волнарски комбинат АД „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, познат како „Тетекс“. По последната работна единица од поранешниот гигант, фабриката „Конфекција“ го прекина работењето.

Од утре и последните 140 работници во Конфекција ќе бидат регистрирани во Агенцијата за вработување како невработени. Според Љупчо Радовски, од синдикалната организација, сите 140 работници кои досега работеа во конфекција ќе бидат обешетени на некој начин.

-Предвидени се седум лични доходи за оние работници кои имаат над 25 години работен стаж, а останатите соодветено на должината на стажот. Оние кои се пред пензија ќе бидат 18 месеци под Заводот за вработување, а другите ќе бидат до една година, додаде Радовски.

Комбинатот „Тетекс“ почна со работа во 1951 година. Во 1986 година бележи најголема вработеност од 8.800 работници. Комбинатот се состоеше од фабрики во кои се спроведува цел процес на изработка-предиво и волница, Ткајчница,Трикотажа и Конфекција.

МИА/Фото: Тетекс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Тетекс“ ќе престане со производство на тешка конфекција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин тврди дека Русија ќе продолжи со непрекинати испораки на гас на светските пазари

Редакција

Косана Мазнева е нов директор на „Комунална хигиена“

Редакција

Сведоштво за несреќата на загинатиот планинар на Олимп

Редакција