еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради „скриена амнестија“: Партиите на Албанците без подршка за последната верзија на Законот за ЈО

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска изјави дека за нив е прифатлив само синоќешниот договорен текст на Законот за јавното обвинителство, а секој друг текст не е прифатлив.

– Јас го знам законот што е усогласен синоќа, а не законот што е променет со различни волји на другите луѓе и немам идеја што е променето. Пред средбата бев информирам дека законот што го усогласивме вчера, не е во таа форма доставен во Собранието и не ги знам промените кои ги имаат направено, изјави денеска Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања.

Алијансата за Албанците: Верзијата на Законот за ЈО се разликува од договорената

Пратениците на Алијансата за Албанците (АА) не можат да го поддржат Законот за јавно обвинителство, бидејќи пристигнатата верзија во Парламентот се разликува од онаа што тие ја договориле во преговорите со Министерството за правда, изјави денеска пратеникот Сурија Рушити.

-Вистина е дека АА водеше преговори со Министерството за правда и имаше свои забелешки на драфт верзијата, но и голем дел од нив беа прифатени, ама она што стигна во Парламентот драстично се разликува особено во членот 110 каде се предвидува амнестија, а ние никогаш нема да прифатиме закон за јавно обвинителство кој овозможува аменстија, рече Рушити.

Членот 110 од законот се однесува на снимките од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кои можат да бидат користени како индиции, а не и докази во судските постапки.

Беса нема да го поддржи Законот за ЈО

Пратеникот на Беса, Фадил Зендели денеска изјави дека нема да гласа за потребата за донесување на законот за јавно обвинителство, и дека тие не биле консултирани за последната верзија на Предлог-законот што утрово пристигна во Парламентот.

Зендели рече дека нема да го поддржат овој закон, бидејќи тој е различен од онаа верзија која што била договарана и е веќе во собраниска процедура пред да биде испратена оваа верзија по скратена постапка.

Исто така, Зендели како и други пратеници претходно, кажа дека со оваа верзија се прави амнестија на високи политичари кои реално, како што рече, биле фатени во криминал, а сега сакаат да се амнестираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ останува против Законот за јавно обвинителство бидејќи е противуставен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Стојанче Ангелов, кој од в.д. е именуван за директор на ЦУК

Редакција

(Фото) Пендаровски со семејството на велигденска литургија во храмот „Свети Никола“ во Охрид

Редакција

(Галерија) Европските амбасадори во Македонија ни го чистеа ѓубрето

Редакција