еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Убиен 42-годишен маж од Велес, полицијата го приведе убиецот

Во селото Подлес, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 61-годишниот С.И. од село Подлес.

Како што информира МВР, тој вчера околу 16:10 часот пред неговата куќа по претходна расправија од пиштол „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми  кон 42-годишниот М.Д. и 44-годишниот М.В., двајцата  од Велес.

-Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. М.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување помош, информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица. Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени нови 150 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 2.748

Редакција

Пукале откако ограбиле маркет во Скопје

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во април

Редакција