еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Убиство во струмичко: Пронајдено тело на маж со видливи повреди

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица изврши увид во местото викано Ореш, во атарот на струмичко Ново Село, каде ноќеска беше пронајдено безживотно тело на починато машко лице, информираат од Јавното обвинителство.

-Според првичните сознанија, кај лицето настапила насилна смрт.

По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Од лице место се прибрани траги и материјални докази за кои е издадена наредба за вештачење, а се преземаат и други дејствија за откривање на сторители, велат од Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За првпат се огласи Мухамед Асани, разрешениот директор на болницата во Струга: Мојата совест е многу мирна

Редакција

Драстична промена на времето: Пад на дневната температура и до 15 степени, а утринската ќе биде околу нулата

Редакција

(Фото) Груевски фотографиран како вади пари од банкомат во Унгарија

Редакција