еМагазин
Бизнис

Угостителски објект во Куманово затворен поради непочитување на протоколот за Ковид-19

Инспекторите од Пазарниот инспекторат затвориле еден објект во Куманово поради непочитување на протоколот за работа и поднеле две кривични пријави за угостителски објекти во Струга и Прилеп во периодот од 2 до 8 овој месец.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска денеска на прес-конференција во Владата информираше дека во овој временски период направени се вкупно 5.503 контроли од кои Пазарниот инспекторат има направено 3.743 контроли и 614 надзори.

Здравствниот и санитарен инспекторат спровел 67 надзори и издал шест решенија поради коснтатирани неправилности.

Здраствените инспектори во овој период издале и 11.523 решенија за самоизолација и домашно лекување на лица позитивни на вирусот и лица кои биле во контакт со заболено лице.

– Овие служби деноноќно работат со полн капацитет и така ќе продолжат и во следниот период. Но, во целиот процес потребна и поддршка и помош од секој граѓанин преку почитување на мерките, но и од стопанственците преку почитување на здравствените протоколи.

Оваа поддршка ни е потребна повеќе отколку во изминатите осум месеци, истакна Филиповска-Грашкоска на прес-конференцијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони склучи договор со “Жикол“ вреден 2,2 милиони евра

Редакција

Комерцијална банка ќе исплати дивиденда од 550 денари по акција

Редакција

Во Србија изработен просторен план за гасна интерконекција со Македонија

Редакција