еМагазин
Image default
Балкан

Угостителските објекти во Грција уште една недела ќе работат без музика, со ограничено работно време до полноќ и само со седнати гости

Угостителските објекти во Грција уште една седмица ќе работат без музика, со ограничено работно време до полноќ и само со седнати гости, спортските натпревари и понатаму ќе бидат со публика до десет отсто од капацитетот или најмногу 1.000 лица, а 50 отсто од вработените во јавниот и приватниот сектор ќе продолжат да работат од дома, поради коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Веста ја потврди и грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, говорејќи за телевизијата „ЕРТ“.

Мерките за првпат стапија на сила ден пред Нова година.

Првично, планирано беше мерките да бидат во сила до 16 јануари, минатата седмица беа продолжени до 23 јануари, а сега се продолжуваат за уште една седмица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Грција потврден втор случај на индиски сој на Ковид-19

Редакција

Ердоган: И верувам на Русија исто колку и на Западот

Редакција

Во српски праски откриено високо ниво на пестицидот хлорпирфос

Редакција