еМагазин
Image default
Бизнис

Украдени 1,3 милион денари од банкомат на ТТК банка

Тетовската полиција од вчера работи на откривање на сторители на кражба на еден милион и триста илјади денари кои се одземени насилно од банкомат на ТТК банка во Тетово.

Вчера во 5 часот во СВР Тетово пријавена е кражба во банкарска филијала на улица „Борис Кидрич“ во Тетово.

– Насилно била отворена влезната врата од објектот и од банкоматот биле одземени четири каси со пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се расчистува случајот, информираат од СВР Тетово.

За настанот соопштение до јавноста испрати и ТТК банка.

– ТТК Банка АД Скопје ја информира јавноста дека на 15 март 2021 година, веднаш по завршување на забраната за движење вон работното време на Банката, извршена е кражба на парични средства од банкомат лоциран во експозитурата АРМ во Тетово од непознат сторител.

При кражбата одземени се околу 1,3 милион денари, соопштуваат од банката.

Потенцираат дека целиот имот и средства на Банката се претходно осигурени во функција на елиминирање на ризиците од ваков вид настани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Авионската линија Скопје-Крф е откажана од комерцијални, а не од полтички причини

Редакција

А1 Македонија има повеќе претплатници во мобилната телефонија од Македонски Телеком

Редакција

На членовите на УО на Стопанска банка Скопје лани исплатени 29,7 милиони денари

Редакција