еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Украдени две слепи кучиња хаски од обвинителката Ленче Ристоска

Ленче Ристоска, поранешната специјална јавна обвинителка, на својот профил на Фејсбук објави дека од семејната куќа во тетовското село Лешок им се украдени две кучиња кои се слепи и болни.

Семејството апелира да им ги вратат.

„Ноќеска од нашиот двор во село Лешок некој ни ги украл Астра и Зоне, две слепи хаски со шеќерна болест. Не верувам дека тој што ги украл знае за нивната здравствена состојба, која ако не се третира може да е има фатални последици. Кучињата се ослабени од болеста и лесно препознатливи.

Ова е мој прв јавен пост и всушност е апел кој има било каква информација да не исконтактира бидејќи сме загрижени и вознемирени. Нема да покренуваме никакви постапки против лицата кои ги имаат украдено, само да ни се вратат.

Кутрињата се чипирани, така што апел до сите ветеринари на кои ќе им се донесат слепи хаски на преглед да ги проверат чиповите.

Она што за некој можеби е играчка за нас е дел од семејството! Астра и Зоне се дел од нашето семејство 8 години и со ваша помош се надевам дека ќе успееме да ги вратиме и дека ќе се дел од нашето семејство уште многу години. Ви благодарам однапред на сите! Телефон за контакт – 070 389 848 Љупчо“, напиша Ристоска.

Фото: Фејсбукк/Ристоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиничките фармацевти во „Zan Mitrev Clinic“ промотивно достапни на онлајн консултација за сите пациенти

Редакција

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Редакција

Лекот за цистична фиброза „трикафта“ е стигнат во земјава

Редакција