еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украина е подготвена да направи отстапка во однос на НАТО, но не ги дава Крим, Доњецк и Луганск

Алтернатива за влезот во НАТО може да биде нов безбедносно воен договор гарантиран од САД, Турција или соседните земји, потенцијално вклучувајќи ја и Русија, предложи денеска украинската владејачка партија – Слуга на народот.

Едно од руските барања за да ја заврши инвазијата е Украина да се откаже од напорите за влез во НАТО.

– НАТО не е подготвен да ја прифати Украина најмалку во следните 15 години. Ние дури и ја немаме нејзината поддршка во оваа војна, само од поединечни држави, рече портпаролот на партијата.

Иако оваа изјава изгледа дека Украина е подготвена да попушти на едно барање од Русија, се чини дека таа уште поцврсто стои зад тоа да не попушта со другите барања, пишува „Скај Њуз“.

Владејачката партија, имено, соопшти дека Украина под никакви околности нема да ги отстапи своите области Крим, Доњецк и Луганск, ниту ќе се согласи на какви било ултиматуми за нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.

– Русија сака да ги признаеме таканаречените ДНР и ЛНР, како и окупацијата на Крим. Но, јасно е дека нема да се согласиме со тоа. Ние единствено можеме само да одлучиме како ќе се регулираат животите на луѓето во овие области во рамките на нашата цела држава, изјави портпаролот на владејачката Слуга на народот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија од Украина бара да не се брани, да стане неутрална, Крим да биде руски и да ја признае независноста на Доњецк и Луганск

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Боки 13 од почеток ќе му се суди за случајот „Меѓународен сојуз“

Редакција

Вонредно обраќање на Иванов: Не се разговарало за воена состојба, прашање е кој сакал да го злоупотреби Кабинетот на претседателот

Редакција

За 24 часа 6 нови случаи на Ковид-19 од 3.028 тестирања

Редакција