еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Украла накит вреден 960.000 денари: Приведена скопјанка што крадела во станови каде чистела

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ја лишиле од слобода скопјанката М.А. (45), осомничена дека во претходниот период извршила кражби во три станови во Скопје, при што одзела накит со вкупна вредност од околу 960.000 денари.

Таа била пријавена на 14.03.2022 од сопственичките на трите станови, информираа денеска од МВР, каде повремено било ангажирана за чистење, дека ја искористила нивната доверба и во повеќе наврати одзела поголемо количество златен накит.

– На 16.03.2022, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домот на М.А. и во домот на нејзината мајка, при што бил пронајден дел од накитот, кој бил вратен на сопственичките.

М.А. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Редакција

Полицајци дел од криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога

Редакција

23-годишен пациент жртва на Ковид-19: Денеска регистрирани 17 починати

Редакција