еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рускоска останува со истиот тим: Реизбрани пет обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција

Марија Ѓорѓиева, Валентина Бислимовска, Енѓелуше Кадриу Леши, Ивана Трајчева и Сузана Мирческа Кузмановска се реизбрани за обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на денешната седница на Советот за јавни обвинители.

Во обвинителството предводено од Вилма Рускоска, ќе се приклучат обвинителите кои и досега беа дел од ова Обвинителство, меѓутоа мандатот им заврши во февруари.

На денешната седница, републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, истакна дека ќе ги поддржи досегашните обвинители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на кои им истече мандатот.

– Станува збор за професионални и самостојни обвинители кои со успех ги извршуваат доверените работи. Тие постапуваат по многу сложени предмети и нивно евентуално неизбирање ќе значи пролонгирање на тие предмети, рече тој, дополнувајќи дека инвестирано во нивната подготвеност за постапување по предмети од организиран криминал.

Други обвинители кои конкурираа, но не добија мнозинство гласови се Арсим Адеми, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова и Златко Биковски.

На конкурсот беше пријавена и обвинителката Имран Османи, но таа добила негативна оцена од Вишото обвинителство поради што не ги исполнуваше условите.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на Врховниот суд: Во интерес на граѓаните и државата е да се надмине состојбата во Судскиот совет

Редакција

Апелација денес или утре ќе одлучува по жалбата на Орце Камчев

Редакција

Пад на прометот и на бројот на трансакциите на Македонската берза лани

Редакција