еМагазин
Image default
Техно

Уметност во четвртата индустриска револуција

Британски совет ја организира изложбата на интерактивна уметност PlayUK Arcadia 2018 во Скопје од 29 октомври до 4 ноември, што ќе се одржи во Музејот на современа уметност – Скопје и Младинскиот културен центар (МКЦ).

“Посетителите ќе имаат можност да ги видат, а уште поважно да ги пробаат најновите изуми во областа на виртуелна реалност, видео игри, користење на податоци, човекови права и музика. Со овој настан ја истражуваме темата на уметноста во 21. век и како технологијата и уметноста може да соработуваат за да создадат тродимензионални и интерактивни уметнички искуства. Настанот е бесплатен и интересен за сите возрасти.

На 29 октомври ќе го почнеме фестивалот со предавање на Forensic Architecture во соработка со Музејот на современа уметност – Скопје, еден од четирите кандидати номинирани за овогодинешната Тарнерова награда, најпрестижната награда за уметност што се доделува во Обединетото кралство. Посетителите ќе имаат ексклузивна можност да го чујат предавањето на тимот што користи податоци и технологија за да создаде уметност во служба на заштита на човековите права.

Forensic Architecture е интердисциплинарен тим на архитекти, филмаџии, правници и научници, а нивната работа го користи изграденото опкружување како почетна точка за истражување на кршење на човековите права. За сите лица што се вклучени во уметничко истражување за одбрана на човековите права, архитекти и дизајнери, како и за уметници, писатели, куратори или активисти, организираме и работилница со двајца членови на Forensic Architecture, Симон Роват и Стефанос Левидис, на 30 октомври.

Од 2 до 4 ноември публиката во МКЦ ќе може да види изложба на видео игри, музичка програма и една од најважните делови на нашата програма, Дневната соба на иднината, кратка интерактивна филмска инсталација што за првпат се претставува надвор од Обединетото кралство. Дневната соба на иднината е дело на Би-Би-Си, FACT, неколку британски универзитети и Илија Тирицковски, продуцент од Скопје.

Британски совет почна да ги претставува и промовира креативните индустрии во Македонија уште во 2006 година со мапирање на пазарот и воспоставување на првите врски меѓу експертите од ОК и Македонија. Денес сме среќни што нашите напори вродиле со плод и дека помогнавме во градење на капацитетите на институциите, вештините на поединците и имавме позитивен придонес за создавање врски меѓу индустриите во двете земји„, велат организаторите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ги има новите еСпорт шампиони

Никола Осило

„LG“ го претстави новиот смартфон „Q-Stylus“

Редакција

Форд со teaser од новото електрично возило

Редакција