УНЕСКО, образовна, научна и културна институција на Обединетите нации објави Глобален извештај за мониторинг на образованието во изминатите 18 години, во кој предлага сеопфатна проценка и препораки за образованието ширум светот.
Во овогодинешниот извештај посебен акцент е ставен на „забраната на мобилните телефони“ и нивното влијание врз образованието.
Во извештајот на УНЕСКО се нагласува директната врска помеѓу прекумерната употреба на мобилни телефони и лошите образовни резултати. Утврдено е дека подолго време поминато пред екраните на мобилните телефони има негативно влијание врз емоционалната состојба на децата. За да се одговори на оваа загриженост, УНЕСКО препорачува воведување забрана на паметните телефони во училиштата.
Во извештајот се посочува дека е важно да се поддржува „визија за образованието ориентирана кон народот“, со која се гарантира дека дигиталните технологии ја дополнуваат интеракцијата со учителите лице-в-лице, а не ја заменуваат.
Неколку земји веќе воведоа забрани за користење на паметни телефони во училиштата, со оглед на потенцијалното влијание врз академските постигнувања на учениците. Франција, Гвинеја, Летонија, Мексико, Португалија, Шпанија, Швајцарија, САД, Канада, Шкотска, Бангладеш, Таџикистан и Узбекистан се меѓу земјите со различни форми на забрана за мобилни телефони во образовната средина.
Во Белгија, Шпанија и Англија е забележано подобрување на академските резултати, особено меѓу учениците со послаби резултати, по воведувањето на забраните за употреба на мобилни телефони во училиштата.
МИА/Фото: Unsplash