еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Унгарската претседателка Новак без коментар за азилот на поранешниот премиер Груевски

Претседателката на Унгарија, Каталин Новак, на заедничката прес-конференција во Скопје со нејзиниот домаќин шефот на државата, Стево Пендаровски не сакаше да коментира за азилот доделен на поранешниот премиер Никола Груевски.

Таа рече дека е тоа прашање во надлежност на правосудните орган на Унгарија и изрази задоволство што тоа не влијаело на добрата билкатерална соработка меѓу двете држави.

-Во однос на Груевски би сакала да кажам дека тоа е во надлежност на нашето правосудство. Многу се радувам што за време на оваа моја посета се уверив оти нашата меѓусебна соработка на ниво на држави се гради и развива успешно, дека имаме добри основи таа и натаму да се развива и дека односите помеѓу унгарските и македонските граѓани се на високо ниво и тоа не влијае на никакви криминални прашања, или на никакви криминални односи, рече унгарската претседателка Новак на новинарско прашање.

Поранешниот премиер Никола Груевски во 2018 година избега од државата во Унгарија. Тој по скратена постапка доби политички азил од надлежните унгарски власти.

Македонија бараше негова екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот „Тенк“ на поранешното Специјално јавно обвинителство, и за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Судот во Унгарија ги одби барањата на македонското МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неправедно е што Македонија мора да трпи одлагања, изјави унгарската претседателка Новак

(Видео) Како Пендаровски ја пречека унгарската колешка Новак

МИА/Фото: Кабинет на претседаталот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Кавадарци со најмногу, а Македонски Брод со најмалку заболени од Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Бугарија нема да отстапи од својатa позиција за Македонија, вели бугарскиот премиер Јанев

Редакција

Во Македонија и на други четири локации во Европа ќе се одржи голема воена вежба

Редакција