еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Управата за храна и лекови на САД препорачува трета доза за лицата над 65 години и тие со висок ризик за тешки болести

Независната советодавна комисија на американската Управа за храна и лекови (ФДА) изгласа препорака за трета доза на вакцина против Ковид -19 за Американци на возраст од 65 години и постари, како и за лица со висок ризик од тешки болести, откако со големо мнозинство е одбиена препораката за нејзина поширока примена.

Комисијата, исто така, препорача ФДА да ги вклучи во одлуката здравствените работници и другите луѓе со висок ризик од професионална изложеност на коронавирусот, како на пример просветните работници.

– Ова е важен чекор напред во обезбедувањето подобра заштита на Американците од Ковид-19. Подготвени сме да им обезбедиме дополнителни дози на оние кои ги исполнуваат условите, кога процесот ќе заврши кон крајот на следната недела, соопшти Белата куќа

Се очекува ФДА наскоро да донесе одлука за трета доза на вакцината, што не е поврзано со препораката на советодавната комисија, но ја зема предвид.

Научната заедница во САД во изминатите денови е поделена околу потребата за трета доза и околу прашањето кој треба да ја прима, додека Светската здравствена организација не се согласува богатите земји да им даваат трета доза на своите жители, додека сиромашните држави немаат доволно вакцини ниту за прва доза.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Висок претставник на ЕУ: Приоритет е преговорите со Македонија и Албанија да почнат без одлагање

Редакција

(Галерија) Албанија се фали со бетонизирање на Охридското Езеро

Редакција

(Видео) Нова песна на Бојана Скендеровски, „Лажни светови”

Редакција