еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Урбан стил – нов инстант лоз на барање на урбаниот начин на живењее

Еко, модерно, забавно, бесшумно и со стил, тоа е новото решение за поддршка на  урбаното живеење

Проценивме дека на младите и на животната средина им треба поддршка во урбаниот начин на живеење. Затоа во семејството на нашата инстант лотарија вклучивме можност за освојување електричен мотор, со учество во игра на среќа.

Инстант лозот УРБАН стил има одговор за подобрување на стилот на живеење, но има и решенија за загадувањето, за градската бучава и градскиот метеж, како и за намалување на буџетот за превоз.

Учеството во играта е едноставно, а дознавањето на добивката е брзо и забавно. Со гребење на 9-те полиња за игра на инстант лозот УРБАН стил, доколку се добијат три исти симболи ќе се освои еден од 100-те електрични мотори, доколку на три места се открие ист износ, следува парична добивка до 10.000 денари. На инстант лозот има два модела електрични мотори со слични перформанси.

Добитниците на премија електричен мотор ќе имаат безбеден и бесшумен превоз, нема да ја загадуваат околината, а своето превозно средство ќе го полнат со електрична енергија и тоа дома или каде било каде што го полнат и својот мобилен телефон.

Лозот чини 50 денари и наменет е за сите што го следат трендот и сакаат да го зачуваат своето здравје и здравјето на животната околина. Со оглед на популарната цена на лозот и големиот број премии, веруваме дека многу скоро ќе ги добиеме и првите среќни фотографии на сопственици на електрични мотори од инстант лозот УРБАН стил.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германската амбасада донира 2.450.000 денари за набавка на медицинска опрема

Редакција

Јубилејното 15. издание на „МакеДокс“ ќе се одржи од 15 до 22. август

Редакција

Македонски Телеком донираше T Tablet за дваесет семејства во социјален ризик

Редакција