еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Уште денеска е во тек јавниот повик за ваучери за организиран одмор за работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува сите граѓани дека заклучно со денешниот ден 16 јуни (среда) се затвара јавниот повик за издавање на потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.

„Јавниот повик беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации.

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

Според јавниот повик оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ваучери од 12.000 денари за летување во домашните хотели: Објавен јавниот повик за организаран одмор на работници со ниски приходи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преку апликацијата МојДДВ вратени 63 милиони евра: Лимитот ќе се зголемува од 1.800 на 2.100 денари

Редакција

Прогресивниот синдикат на образование во ССМ бара линеарно зголемување на платите за најмалку 2.800 денари

Редакција

Продажните цени на производителите на индустриски производи зголемени за 15,8%

Редакција