еМагазин
Image default
Македонија

Уште еден земјотрес регистриран во околината на Тетово и Гостивар

Земјотрес со интензитет од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во една минута пред полноќ во околината на Тетово и Гостивар.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, на 13.03.2021 година во 23 часот и 59 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65 километри југозападно од Скоpje и со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, соопшти синоќа Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци овој земјотрес бил почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 165 болни од Ковид-19

Редакција

И Коѕијас објасни зошто на референдумот немаше цензус, но и дека истиот не е услов

Редакција

СДСМ предлага по 14.500 денари за април и мај за сите вработени во фирми погодени од кризата

Редакција