еМагазин
Image default
Македонија

Уште тројца починати на инфективното одделение во болницата во Велес

На инфективното одделение во Општата болница во Велес денеска починаа тројца пациенти од Велес, маж и жена на возраст од 78 години, потврдени позитивни и уште еден маж на 71 година примен во тек на вчерашниот ден со многу мала сатурација и пневмонија типична за Ковид-19, кој не бил тестиран, информира портпаролот на болницата, Весна Неделковска Николова.

Бројот на починати во Велес и велешко од почетокот на пандемијата на Ковид-19 се зголеми на 47.

Од вкупно 88 хоспитализирани пациенти со Ковид на трите одделенија во велешката Општа болница, на инфективното има 59 пациенти, што се и најмногу хоспитализирани на ова одделение од почетокот на пандемијата.

Инфективното одделение со 59 пациенти е преполно, а капацитетот по вторпат е проширен. На почетокот имаше 35 кревети, потоа 54 кревети, а сега 59 кревети, колку што има и пациенти во оваа одделение. Целосно исполнето е и интерното одделение Б крак со 15 пациенти колку што има и кревети. На физикалното одделение со 25 кревети има 14 пациенти.

Инаку од 88 пациенти, 73 се потврдени позитивни, девет се сомнителни и шест со негативни контролни тестови, а 30 од пациентите се на кислородна поддршка. 

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 531 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Запленета дрога вредна околу 200.000 евра, прекинат меѓународен канал за транспорт на дрога

Редакција

Кодот МК/МКД останува на сите документи

Редакција