еМагазин
Image default
Локално

Успешна спасувачка акција кај „Мавровка“

Успешно заврши спасувачката акција во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Човекот, кој сакаше да се самоубие, скокајќи од тераса на станбена зграда, е спасен.

Полицијата успеа да го разубеди во неговата намера. Повеќе часови се преговараше со него. Во близина на зградата беше поставен и душек за спасување.

На терен, покрај полицијата, имаше и екипи на Противпожарната единица на Град Скопје и на Брза помош.

Командантот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Владимир Симоновски во изјава за медиумите рече дека во спасувачката акција интервенирале со 11 пожарникари заедно со командирот на чета.

– Бригадата за противпожарна заштита интервенираше заедно со екипите на МВР со полицијата и со специјалните единици. Побараа од нас техничко поставување на душек кое е за спасување.

Сагата траеше повеќе од четири часа и успешно заврши со интервенција на МВР со специјалната единица на полицијата, рече Симоновски.

Првичната информација, според него, е дека станува збор за психичко растројство и љубовни семејни проблеми.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за работникот што си го уби газдата Холанѓанец

Редакција

Почина жена по пад од балкон во Тетово

Редакција

Во пожар во Скопје изгореа „Хонда Акорд“ и „Опел Астра“

Редакција