Утре 23 ноември се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ со најдобри услови досега и најдобро подготвен мраз по светски стандарди.
„Не очекуваат многу натпревари во хокеј и уметничко лизгање, за кое годинава ќе има двајца професионални тренери. Ќе има и повеќе термини за рекреација, а цените остануваат исти- 150 денари со изнајмени лизгалки и 100 денари со сопствени. Наутро ќе се одржуваат тренинзи по уметничко лизгање, а рекреативно ќе може да лизгате од 10 до 22 часот со мали паузи од 16 до 19 часот кога ќе има хокеј тренинзи. За викенд целодневно ќе може да уживате во рекреативното лизгање“, се вели во соопштението.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.