еМагазин
Image default
Бизнис

Утре започнува етапната исплата на мартовски пензии, со дополнителни 1.000 денари финансиска поддршка

Од утре (29 март) започнува етапната исплата на мартовските пензии, кои се повисоки за 1.000 денари.

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), повеќе од 330 илјади пензионери ќе ги добијат дополнителните 1.000 денари со исплатата на мартовската пензија преку договорената директна финансиска помош која ќе биде исплатена и во месеците април и мај.

Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од Ковид-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник), за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда), за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 март (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

-Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје, наведуваат од МТСП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ГТЦ со загуба во последните три месеци од минатата година

Редакција

Промена во Одборот на директори на Цементарница УСЈЕ

Редакција

Атанасовски: Новите капитални инвестиции во САСА се значајни за локалниот економски развој и за просперитетот на заедницата

Редакција