еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Двајца пациенти на дијализа добија бубрег од починат донор, направена и експлантација на коскени ткива 

На Клиниката за урологија, во раните утрински часови заврши втората од двете трансплантации на бубрег, откако во саботата доцна во ноќта семејството на младо момче со мозочна смрт даде согласност за донирање на органите, информираат од Министерството за здравство.

Покрај бубрезите, екипата на Клиниката за ортопедија направи експлантација и на коскени ткива.

– Двајца млади пациенти со болест на бубрезите кои беа на дијализа добија шанса за нов живот.

Уште неколку пациенти со малигни болести и трауматски повреди, кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, во наредните недели ќе добијат можност да им бидат инплантирани здрави коскени ткива.

Благодараност до семејството кое во своите најтешки моменти одлучи да помогне и да спаси друг живот. Сочувствуваме со нивната болка, ја почитиваме нивната одлука и благодариме за тоа што го направија. Во неделите кои се пред нас, неколку пациенти со тешка болест ќе добијат шанса за нов живот, се заблагодари министерот Беким Сали.

Ова е втора трансплантација од почетокот на годинава и 12. од мај 2020 година, откако Програмата за трансплантација на Министерството за здравство се прошири во делот на мултиорганската трансплантација.

– Секоја трансплантација за нас е голем успех затоа што со сето ова што го работиме, полека но сигурно го менуваме системот. Покажуваме колку можеме како лекари да направиме за нашите пациенти, а во исто време и како општество во целина да бидеме попозитивни во поглед на органодонорството.

Уште еднаш благодарност до семејството на донорот за нивната хуманост. Благодарност до болничките координатори кои го водеа целиот процес во овие два дена, како и до екипите на клиниките за урологија, нефрологија, трансфузиологија, КАРИЛ, ортопедија, кардиологија, кардиохирургија, рендген и до Министерството за здравство, вели д-р Маја Мојсова Мијовска, национален координатор за трансплантација.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 87 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Видео) Се тестираат седум нови пациенти за коронавирусот, две родилки од Дебар

Редакција

Формиран првиот музички бенд на деца и млади со оштетен вид „Звучен бран“

Редакција