еМагазин
Image default
Македонија

Утре започнува пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и реонски инструктори за претстојниот Попис

Утре, 20 јули, ќе биде објавен Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори.

„Конкурсот ќе биде објавен во 4 дневни весници, како и на веб-страницата www.Popis2021.stat.gov.mk, каде што од утре во 8:00 часот ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување.

Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим, кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите.

Придонесот на секој еден од нас во пописните активности претставува придобивка за сите. И како директни учесници во спроведувањето на Пописот и како даватели на податоци – придонесуваме за креирање на една прецизна слика на состојбите во државата во точно определен момент.

Оваа прецизна слика ќе овозможи донесување на издржани политики, базирани на најнови податоци, со кои ќе се планира развојот на секое поле од живеењето и работењето,“ информираат од Државен завод за статистика.

Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот за надворешни работи на Романија, Чиамба: Одлуката за Северна Македонија е донесена едногласно

Редакција

11 прекршувања на полицискиот час, 349 казни за неносење маска

Редакција

По ставот на Европската агенција за лекови: Вакцината „АстраЗенека“ во Македонија нема да се дава на лица под 60 години

Редакција