еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Утрово минусни температури на Попова Шапка, Лазарополе, Маврови Анови и Крушево

Утрово најстудено било на Попова Шапка со -4 степени Целзиусови, а максимални 7 степени се измерени  во Гевгелија.

Според Управата за хидрометеоролошки работи -2 степени се измерени во Лазарополе, -1 во Маврови Анови и Крушево, 2 во Крива Паланка, Претор, Охрид и Берово, 3  во Прилеп, Виница и Куманово, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Штип и Дебар, а 6 во Струмица, Демир Капија и Дојран.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 9 сантиметри, 6 во Маврови Анови и 1 сантиметар во Лазарополе.

За изминатите 24 часа дожд најмногу наврнал во Демир Капија – 56 литри на метар квадратен, 50 во Гевгелија, 42 во Струмица, 35 во Берово, 32 во Виница, 31 во Крива Паланка, 29 во Маврови Анови, 27 во Скопје-Петровец, 24 во Штип и Ѓуриште, 23 во Куманово, Крушево и Дојран, 22 во Пожаране, 20 во Попова Шапка, 19 во Битола, 15 во Скопје-Зајчев Рид, 13 во Тетово, 7 во Прилеп, 6 во Дебар, 5 во Лазарополе, 4 во Тополчани и Охрид, а 2 литри на метар квадратен во Претор.

Денеска ќе преовладува променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со повремен слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неготинскиот градоначалник Тони Делков позитивен на Ковид-19

Редакција

„Стелт“ варијантата на омикрон, подваријанта на Ковид-19, останува доминантна во Македонија

Редакција

Сефер Цаноски до Јанкулоска: Покани ја Емел Рамковска на кафе ќе ти објасни како се издржуваат шест години затвор

Редакција