Утрово најстудено било во Берово каде се измерени -2 степени и во Тетово со измерени -1 степен.
Најмногу снег има во Маврово каде висината на снежната покривка изнесува 28 сантиметри и на Попова Шапка каде се измерени 28 сантиметри.
Најтопло утрово било во Гевгелија со измерени 6 степени и во Демир Капија каде температирата на воздухот изнесувала 9 степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, позастапени во западните делови, а на повисоките планини на северозапад со повремени врнежи од снег.
Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.