еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Увозните цени за кокс и рафинирани нафтени производи зголемени за 71,4%

Државниот завод за статистика соопшти дека во септември 2022 година, увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се пониски за 2,1 отсто на месечно ниво, но се повисоки за 71,4 проценти на годишно ниво.

Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба.

– Главни корисници на податоците за индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори, наведува Државниот завод за статистика.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски најсериозен кандидат да го наследи Заев: Денеска СДСМ избира нов лидер

Редакција

Нови 490 случаи на Ковид-19 од 2.869 тестирања

Редакција

Семејствата на починатите во пожарот во модуларната болница бараат ново обвинение

Редакција