еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Вакцината на Фајзер/Бионтек обезбедува 100% заштита кај деца од 12 до 15 години

Вакцината против коронавирусот на компаниите „Фајзер/Бионтек“ е безбедна и ефикасна кај деца на возраст од 12 до 15 години, јавија американски медиуми.

Двете компании објаснија дека вакцината обезбедува 100 отсто заштита. Објавените податоци од студијата значат дека компаниите може да побараат дозвола од американските власти да издадат итно одобрение за ставање во промет во наредните недели.

Резултатите од клиничкото испитување исто така покажуваат дека вакцината добро се поднесува кај деца на возраст од 12 до 15 години.

„Фајзер/Бионтек“ планира да достави податоци до Управата за храна и лекови во САД што е можно поскоро за да добие дозвола за администрација на вакцината со две дози на оваа возрасна група.

Испитувањата во третата фаза вклучиле 2.260 деца на возраст од 12 до 15 години во САД.

Вакцината обезбедува силен имунолошки одговор еден месец по втората доза, надминувајќи ја нејзината ефикасност во споредба со оние на возраст меѓу 16 и 25 години.

Во м оментов вакцината се користи само во САД кај постари од 16 години.

„Фајзер“ се надева дека ќе започне со вакцинирање на оваа група пред почетокот на следната учебна година.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фајзер/Бионтек“ бараат одобрување од Европската агенција за лекови, за вакцината за деца од 12 до 15 години

Редакција

Артан Груби доби помошници за изградбата на коридорите, ќе земаат плати до 70 илјади денари

Редакција

(Видео) Даравелски излезе од затвор, снимен за првпат по 20 години

Редакција