еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Вакцината против Ковид-19 на „Новавакс“ е ефикасна 89,3%

Американската компанија „Новавакс“ соопшти дека резултатите од тестирањата во Велика Британија покажале дека нејзината вакцина против коронавирусот е ефикасна 89,3 проценти.

Компанијата наведува дека прелиминарните резултати покажале дека вакцината е речиси исто толку ефикасна и против новиот, позаразен вид на коронавирус, откриен во Велика Британија.

„Новавакс“ соопшти дека очекува истражувањето, во кое учествувале 15.000 лица на возраст од 18 до 84 години, да се искористи за поднесување барања за регулаторна ревизија во Велика Британија, ЕУ и другите земји.

Веднаш по дознавањето на резултатите, британскиот премиер Борис Џонсон како многу добра вест ја оцени ефикасноста на вакцината на „Нововакс“.

„Нашето регулаторно тело за лекови сега ќе ја оцени вакцината што ќе се произведува во Тисајд. Доколку биде одобрена, ќе нарачаме 60 милиони дози“, напиша Џонсон на Твитер, пренесен од британските медиуми.

Во истражувањето на „Нововакс“ околу 27 проценти од учесниците биле лица постари од 65 години, пренесуваат британските медиуми.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фришопот на граничниот премин Богородица пред затворање?

Редакција

(Видео) Македонија ќе биде организатор на Светското првенство во хип хоп 2024

Редакција

Обвинение за несовесно работење на поранешен јавен обвинител од Охрид

Редакција