еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Важна информација за планинарите: Забрана за движење на Карбула, Меденица, Говедарник, Голем и мал Брзовац и Курков Дол, потребна е дозвола

Управата на Јавната установа Национален парк Маврово-Маврови Анови забрани движење од денеска (21 октомври) до 20 ноември на Карбула, Меденица, Говедарник, Голем и мал Брзовац и Курков Дол.

„Строго заштитени подрачја, што значи прво статусот на заштита го ограничува движењето или потребно е посетителите да имаат посебна дозвола за движење.

Во наведениот период Управата на паркот има обврска да спроведе планинарини активности според плански документи,“ се вели во информацијата на Национален парк Маврово-Маврови Анови.

Од таму, нема подетални информации, зошто се воведува забраната.

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маркетот на Лидл во Кавадарци ќе почне да се гради најдоцна до април

Редакција

Имал ли напаѓачот на Раде Трајковски Штекли помошник?

Редакција

Мицкоски заклетва ќе даде со уставното име

Редакција