еМагазин
Image default
Македонија

Вељаноски: Нема економска оправданост и причина за пет потпретседатели на Собранието

Со реакција за бројот на потпретседатели во македонското Собрание, се јави поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

„Во врска со закажаната седница за бројот на потпретседатели во Собранието, сакам да ја информирам јавноста како било за време на претходната власт, а како е сега.

Во време на претходната власт:

2006-2008 година – 3 потпретседатели

2008-2011 година – 3 потпретседатели

2011-2014 година – 3 потпретседатели

2014-2016 година – 3 потпретседатели.

За време на сегашнава власт:

2016-2020 година – 5 потпретседатели

2020-2024 година – 5 потпретседатели.

Примери во други држави:

– САД – 435 пратеници – 1 потпретседател

– Велика Британија – 650 пратеници – 3 потпретседатели

– Словенија – 90 пратеници – 3 потпретседатели

– Италија – 630 пратеници – 4 потпретседатели

– Германија – 709 пратеници – 5 потпретседатели.

Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија!

Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието“, стои во неговата реакција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе добие ли Собранието дури пет потпретседатели

Фото: Фејсбук/Вељаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета: Пендаровски и Силјановска во „тесна трка“

Редакција

„Фридом хаус“: Македонија бележи напредок, но и натаму е делумно слободна земја

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.357 болни од Ковид-19

Редакција