еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Унијата на млади претприемачи со повик до партиите за поголема поддршка

Унијата на млади претприемачи „Феникс Рајзинг“ иницираше подготовка на Декларација за поддршка на младите претприемачи. Имено, станува збор за јавен документ за афирмација на младите претприемачи во Македонија.

„Имајќи предвид дека сме во ек на предизборна кампања за парламентарните избори, оваа Декларација е понудена до сите политички подмладоци и партии кои се дел од изборниот процес,“ велат од Унијата,

Декларација обработува повеќе важни теми за младите претприемачи и стартап бизниси:

– Државата да биде гарантор за доделување на кредити со 1% каматни стапки за млади претприемачи;

– Усогласување и хармонизација на домашното законодавство со ЕУ политиките во делот на млади претприемачи;

– Ослободување на младиот претприемач – управител на бизнис од плаќање на придонеси;

– Поддршка на саем за млади претприемачи;

– Ваучер систем за поддршка на млади претприемачи;

– Поголем фокус на предметот „Претприемништво“ во средните училишта и др.

„Иако декларацијата сама по себе не е обрзувачка, сепак претставува еден повик за поголема поддршка на младите претприемачи во Македонија. Во ек на предизборие сме, кога партиите многу ветуваат, а ние сакаме повеќе да се зборува за младите, за нивните идеи, иновации и секако, поддршката на нивните бизниси“, вели Ивона Трајановска, претседателка на Унијата.

Инаку, Унијата на млади претприемачи постои повеќе од една година и претставува асоцијација која обединува 66 домашни бизниси кои делуваат во различни области. Унијата овозможува нивна промоција, поддршка, вмрежување на национално и меѓународно ниво, застапување на нивните интереси и сл.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изгласани законските измени за побрз пристап до лекови, главно за ретки болести

Редакција

Договор вреден 28,9 милиони евра склучи Дирекцијата за ТИРЗ со “Стентон градба“

Редакција

Бугарското МВР ја избриша веста за апсењето на Борисов

Редакција